Top Sport

Клоп: Нормално 11 поени се премногу, но денеска што е нормално?

Јирген Клоп одбива да признае пораз во трката за премиерлигашката титула од Манчестер сити, иако „граѓаните“ имаат 11 поени предност на табелата.

Ливерпул со 3:0 го совлада Брентфорд за да ги помине Челси на второто место на табелата и имаат натпревар помалку од актуелните шампиони, кои се во застрашувачка форма со 12 победи едноподруго.

Клоп признава дека нормално не се очекува да се надмине таква разлика, но додава дека е рано за прогнози.

„Не мораме да убедуваме никого надвор од клубот да верува дека можеме до титулата. Ако сакаат да веруваат во тоа, нека веруваат. Мислам дека луѓето се со нашиот клуб бидејќи го сакаат и го сакаат патот. Ние сме подготвени колку што можеме да сме подготвени. 11 поени, еден натпревар помалку? Во нормален свет, ништо не би се случило, но што веќе е нормално денеска? Ќе го направиме нашето, и не можеме да влијаеме на другите клубови“, вели Клоп.

Scroll to Top