Top Sport

Клоп очекува „Енфилд“ со почит да се прости од кралицата по свирежите на „Вембли“

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека нема причина да смета дека навивачите на „Енфилд“ нема со респект да се простат со британската кралица Елизабета Втора, откако минатата сезона за време на финалињата на ФА купот и Карабао купот ја исвиркаа химната „Господ да ја чува кралицата“.

„Црвените“ се во акција веќе утре во меч од Лигата на шампионите против Ајакс на „Енфилд“ и најверојатно ќе има минута молк за кралицата, која почина во четвртокот. Но, Клоп посочи дека навивачите на Ливерпул го поддржаа Кристијано Роналдо од лутите ривали од Манчестер јунајтед, кога му почина новороденото дете.

„Мислам дека тоа беше вистинска работа и мислам дека на нашите луѓе не им треба совети за покажување респект. Има доволно примери за тоа. Нешто што ме изненади и на што бев горд беше моментот кога минатата сезона игравме со Манчестер јунајтед во тажна прилика за семејството н Кристијано Роналдо. И го очекувм токму тоа. Јасно е што треба да се направи“, вели Клоп.

Scroll to Top