Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп со најсилниот состав ќе го започне реваншот против Бенфика во Лигата на шампионите. „Црвените“ првиот меч во Лисабон го добија со 3:1.
Пред реваншот, Клоп е претпазлив, нема намера да тактизира и покрај тоа што во сабота, против Манчестер сити неговиот тим ќе го игра полу-финалето во ФА купот.
„Првото полувреме го добивме со 3:1, тој резултат е ист како и 2:0, многу опасен. Добар резултат, но доколку постигнат први гол целата ситуација ќе се смени. тоа ни се случи против Интер“, рекол Клоп.
Германецот на новинарите им открил дека очекува Бенфика веднаш ќе започне со жестоки напади.
Кога станува збор за составот, Клоп рекол дека ќе играат оние кои се најодморни во овој момент.