Top Sport

Клоп оди на долг одмор, размислува и да се пензионира

Јирген Клоп, вчера последен пат го водеше Ливерпул. Германецот по девет години реши да си замине од „Енфилд“. По неговиот последен меч како менаџер на Ливерпул се поставува прашањето дали ќе се пензионира?

Јирген Клоп вчера откри дека никогаш нема да се врати во Англија како менаџер.

„Ова сигурно ќе биде долга пауза, нема да се вратам наскоро, а можеби и ова е крајот ( пензионирање)“, рече Клоп.

„Моето време во Англија заврши бидејќи никогаш повеќе нема да тренирам клуб од Премиер лигата“, додаде Германецот.

Клоп на клупата на Ливерпул мина 488 натпревари, победи на 303, а загуби само 85.

Со Ливерпул ја освои титулата во Премиер лигата, трофејот во Лигата на шампионите и стигна до финалето на Лига Европа. Има по еден трофеј во Лига купо и ФА Купот.

Додека беше во Ливерпул два пати беше прогласен за најдобар тренер на светот.

Scroll to Top