Top Sport

Клоп пак во „војна“ со новинарите: Имаме толку пари, не знаеме што да им правиме!

Јирген Клоп беше изнервиран од новото прашање за потенцијалните засилувања на Ливерпул, влегувајќи во „лекција“ за новинарите откако беше запрашан на прес-конференција.

„Црвените“ потрошија многу во летниот преоден рок носејќи го Дарвин Нуњез од Бенфика, додека во зимскиот преоден рок го добија Коди Гакпо од ПСВ Ајндховен, по што Германецот мораше да посочи дека клубот треба да заработи пари за било каков договор.

„Која би била причината да имаме луди пари, а да не ги купуваме играчите кои се достапни? Тоа мислење го имате за мене? По сите овие години? Зошто прашувате, кога веќе го имате одговорот. Не сфаќам, навистина. Го знаете одговорот. И ако ви одговорам: ‘Не, не, имаме пари во банка, многу, не знаеме што да правиме со нив, не ни требаат играчи’. Покрај тоа имаме проблем што четири од нашите напаѓачи се повредени. Ако купиме уште еден, кога ќе се вратат, ќе имаме седум напаѓачи. Не можеме да ги ставиме ниту на листата за ЛШ! Затоа мора да се направи одлука. Не се решава проблемот со повредите да го решите со трансфери. Понекогаш морате, но пазарот не е секогаш решение“, вели Клоп.

Scroll to Top