Top Sport

Клоп: Пеп треба да игра покер, добар е со блефирање

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека Пеп Гвардиола „треба да почне со покер“ откако менаџерот на Манчестер сити најави дека вечерва против Челси ќе игра со ослабен тим подготвувајќи се за четврт-финалето против Њукасл во недела.

Доколку Сити не победи против Челси вечерва, Ливерпул ќе биде крунисан за шампион од Премиер лигата по 4:0 победата над Кристал палас вчера. Но, Клоп не му верува на Пеп.

„Што? Тој го кажа тоа? Пеп… Најверојатно би требало да почне да игра покер“, одговори Германецот.

И покрај предноста од 23 поени пред Сити, Клоп повторно го пофали Гвардиола и стилот на фудбал кој го играат.

„Манчестер сити е тим кој само можам да го почитувам. Фудбалот кој го играат навистина е одличен. Ние сме различни и мораме да бидеме такви. Не можеме да бидеме како Манчестер сити“, вели Клоп.

Scroll to Top