Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, се согласи на двегодишно продолжување на договорот и се обврза на верност до 2026 година. Клоп (54) им се приклучи на „црвените“ во 2015 година, а рече дека е „воодушевен, понизен, благословен, привилегиран и возбуден“ поради новата соработка.
„Кога сопствениците ми ја дадоа можноста за обновување на соработката, си го поставив прашањето за кое јавно размислував. Дали имам енергија и атмосфера повторно да дадам се од себе, сето она што ова неверојатно место го бара од личноста која е менаџер? Не ми требаше премногу долго да одговорам. Одговорот беше многу едноставен… Заљубен сум овде и се чувствувам добро“.
Цитатот на Клоп се однесува на адаптираната верзија на песната на Битлси, „I Feel Fine“, која навивачите на Ливерпул ја скандираа за негова поддршка во последните недели.
Неговите помошници-менаџери Пеп Лијндерс и Питер Кравиц, исто така, потпишаа продолжени договори, потег што Клоп рече дека е „огромен“ за него со цел „заедно да го продолжат континуитетот на проектот“.