Top Sport

Клоп подготвен да го продаде своето прво засилување

Ливерпул се подготвени да го продадат Марко Грујиќ на Херта Берлин ова лето, но бараат околу 20 милиони фунти за услугите на српскиот фудбалер од средниот ред.

Грујиќ последните две сезони ги мина како позајмен фудбалер во клубот од Бундеслигата, но Ливерпул не се подготвени да го дадат по третпат, и би преферирале да го продадат 24-годишниот фудбалер, за кого постои интерес и од Ајнтрахт Франкфурт, Борусија Менхенгладбах, но и Кристал палас.

Грујиќ беше првото засилување на Јирген Клоп како менаџер на „црвените“ во јануари 2016, носејќи го од Црвена звезда за 5 милиони фунти, но тој имаше само 14 настапи за Ливерпул, од кои последното против Брајтон во декември 2017. Во Херта, тој има 54 настапи и 9 гола, и се адаптираше на играта на новиот тренер Бруно Лабадија.

Scroll to Top