Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, верува дека голманот Алисон Бекер, во иднина нема да ги повтори грешките од натпреварот со Манчестер сити. „Граѓаните“, вчера, во дербито на колот славеа во Ливерпул со 4:1. По овој натпревар, Клоп, призна дека неговиот тим нема шанси да ја одбрани титулата и дека до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лигата на шампионите.
„Јасно е Алисон правеше грешки. Можеби му беше ладно, можеми нозете му беа здрвени. То е дел од фудбалот, милион пати тој беше нашиот спасител. Не можеме да го осудуваме за неколку грешки, иако тие го решија победникот“, рекол Клоп и дополнил.
„Ќе извлече поуки, ќе се погрижи ова повеќе да не му се случи“.