Ливерпул идната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, но во тимот нема да биде холандскиот фудбалер Жоржињо Вајналдум. Играчот од средниот ред кој беше еден од клучните во подигнувањето на „црвените“ изминатите години смета дека е време за нов предизвик.
Веста дека Холанѓанецот го напушта „Енфилд“ ја потврди и менаџерот Јирген Клоп по завршувањето на вчерашниот меч со Кристал Палас.
Германскиот стратег призна дека губи важен фудбалер во тимот, но и негов голем пријател.
Вајналдум не сакаше да го продолжи договорот со Ливерпул, барем не со истите финансиски услови, па сега е во потрага по нова средина.
Шпекулациите се дека за неговите услуги најзаинтересиран е тимот на Барселона.