Top Sport

Солскјер: Имам план за трансфери за неколку преодни рокови

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер признава дека веќе ги има идентификувано можните засилувања за тимот во текот на летото, но додава дека размислува за трансфери за „неколку преодни рокови однапред“.

Откако минатото лето пристигнаа Хери Мегвајр, Арон Ван-Бисака и Даниел Џејмс во текот на летото, во јануари пристинга и Бруно Фернандеш, а обидувајќи се да изградат тим со кој ќе се цели на висок пласман.

„Работиме подолго време на анализа на тимот и на тоа што можеме да добиеме на фудбалскиот пазар. Се обидуваме да работиме однапред неколку преодни рокови. Не можеме да реагираме во мај и да кажеме дека тогаш ни треба некој. Но, од друга страна, понекогаш одредени фудбалери стануваат достапни, така што треба да бидеме внимателни“, вели Солскјер.

Јунајтед во јануари исто така имаа итна потрага по напаѓач по повредата на Маркус Рашфорд, по што го добија на позајмица Одион Игало, и Солскјер верува во неговиот скаутски тим.

„На ангажирањето фудбалери се работи систематски. Потребни се многу часови работа, многу луѓе и многу анализа, по што податоците ми се претставуваат мене. Бидејќи и самиот следам фудбал, и јас имам желби и впечатоци за тоа каков фудбалер сакам и каква личност ни е потребна во клубот“, додава Норвежанецот.

Scroll to Top