Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека последните две недели, коментирајќи го отказите што ги добија неговите колеги од Лестер и Челси, Брендан Роџерс и Грем Потер.
„Што можам да кажам? Непријатното нешто за кое никој не зборува е зошто сè уште сум на ова место во овој луд свет. Последниот мохиканец. Ни едниот ни другиот клуб не се на позцициите на кои би сакале да бидат. Не можам да кажам многу, добро ги познавам и ми се допаѓаат и двајцата“, изјави 55. годишниот Клоп, кој на клупата на „црвените“ е од 2015 година.
„Тие се навистина добри луѓе и фантастични менаџери, но работите сепак може да тргнат наопаку. Клупските челници сметаа дека е потребна промена и сите ние мораме да го прифатиме тоа како дел од оваа работа. Навистина чудна недела. Недела на чудата – Конте минатата недела, потоа Нагелсман (отпуштен во Баерн) и сега уште двајца. Четворицата имаат светла фудбалска иднина“.