Top Sport

Клоп пред дербито: Би било добро Гвардиола да паузира четири години

Јирген Клоп на шега вели дека би било добро неговиот ривал од Манчестер сити, Пеп Гвардиола да паузира од фудбалот четири години по шпекулациите дека Каталонецот може да одлучи да замине од англискиот шампион во текот на летото.

Пред гостувањето на „Енфилд“, Клоп го нарече Гвардиола најдобар фудбалски тренер на светот и призна дека е шокиран што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

„Дали би сакал ривалството да продолжи? Не, повеќе би сакал Пеп да направи пауза од четири години, сто отсто. Не, најмногу би сакал да направеше пауза претходните четири години. Не знам колку пати треба да кажам, но тој е најдобриот менаџер на светот и го докажува тоа секој ден. Навистина е посебно тоа што го направи со Сити и го респектирам тоа“, вели Клоп.

Тој не ја поддржува теоријата дека Манчестер сити за да станат голем тим треба да ја освојат Лигата на шампиони.

„Тие освоија многу последните години, но немаа среќа во одредени моменти во Лигата на шампионите. Така оди во спортот и во животот. Тој никогаш нема да сопре, сака да победува, секој меч е најважен за него“, додава Клоп.

Scroll to Top