Холанѓанецот Џини Вајналдум открива дека менаџерот на Ливерпул на последниот состанок на тимот пред финалето на ЛШ против Реал Мадрид во 2018 го оддржал мотивациониот говор носејќи гаќи од фирмата на Кристијано Роналдо.
Во првото европско финале од 2007 година, Ливерпул се соочи со Реал со Роналдо во тимот и притисокот беше преголем, така што Германецот се обидел да внесе малку тимски дух.
„Сите веднаш забележивме дека се работи за боксерки од Кристијано Роналдо. Неговата маичка беше пикната во гаќите и сите бевме долу од смеење. Тоа навистина не опушти. Обично пред такви големи мечеви сите се сериозни и концентрирани, но тој реши да се пошегува. Тој има направено стотина такви работи. Кога ќе видите дека менаџерот е опуштен и полн со самодоверба тоа влијае на вас. Тој е како татко за нас“, вели Вајналдум.
Сепак, тоа не беше доволно за тоа финале, откако Реал победи со 3:1, пред Ливерпул оваа година да се врати со 2:0 победа над Тотенхем за шеста европска титула.