Top Sport

Салах: Гвардиола кажал дека Премиер лигата е поважна од ЛШ? Навистина?

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах не се согласува со мислењето на тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола дека титулата од Премиер лигата е поважна од трофејот од Лигата на шампионите кој е во сопственост на Ливерпул.

„Секако, сакам да победеам во Европа, но тоа е како да одиш во казино и да се коцкаш на седум натпревари. Сакам да бидам среќен 11 месеци, и освојувањето на Премиер лигата ме прави среќен. ЛШ е седум меча, а лигата е меч секој трет ден. Поважно е да се има целосно добра сезона“, изјави неодамна Гвардиола.

Салах, апсолутно не се согласува.

„Искрено не знаев дека кажал такво нешто! Но, мислам дека ако му понудат да избере еден трофеј, и тој ќе ја избере титулата од Лигата на шампионите. Тоа е мое мислење за него. Се работи за најголемото фудбалско натпреварување и сите сакаат да го освојат. Секој тренер, секој фудбалер. Секако, Премиер лигата е важна, но Лигата на шампиони е Лига на шампиони. Јас се чувствував како дете чиј сон се остварува“, вели Салах во интервју за „Си-ен-ен“.

Scroll to Top