Фудбалерите на Ливерпул минатата недела го завршија настапот во Лигата на шампионите. Актуелните шампиони беа поразени во двата осмина-финални натпревари од Атлетико Мадрид.
„Јорганџиите“ победија во првиот меч во Мадрид со 1:0, а во реваншот го шокираа Ловерпул и по продолженијата победија 3.2.
Јирген Клоп тренерот на Ливерпул и по двата меча се покажа како лош губитник.
„не разбирам зошто играат ваков фудбал. Имаат квалитет Коке, Саул, Маркос Љоренте…тие можат да играат вистински фудбал. Во 90 минути не играат ниту на контранапади“, изјави Клоп минатата среда.
Оваа изјава на Германецот не му се допаднала на Вилјем ван Ханегем, кој во кариерата има светско сребро со Холандија од 1974 година.
„Мнoгу ме нервираат изјави на луѓе кои мислат дека сите треба да играат офанзивен фудбал. Не ми се допаѓат изјавите на клоп со кои ги омаловажува Диего Симеоне и Атлетико Мадрид. Во Мадрид, Ливерпул кој доминира во Премиер лигата загуби од тим кој испушти многу бодови во шпанскиот шампионат. Не можам да поверувам дека еден таков тим се жали на стилот на играта што го форсира Симеоне“, изјавил човекот што има и трофеј во Купот на шампионите во 1970 година.
„Она што го правеше Атлетико на Енфилд беше убаво. Не можете да ги обвинувате бидејќи успеале да го свртат резултатот. Тоа е ваша грешка…Треба да престанете да плачете и да и честитате“.