Јирген Клоп открива дека „постојано го следел“ развојот на Мартин Одегард по шпекулациите дека Ливерпул го сакале норвешкиот фудбалер од средниот ред пред тој да се пресели во Арсенал.
Одегард беше прогласен за „златно момче“ на фудбалот, откако на само 15 години напрви трансфер во Реал Мадрид, но во Шпанија не успеа да го покаже својот потенцијал, иако Клоп постојано го следел неговиот прогрес. Тој откри дека сакал да го земе уште во Борусија Дортмунд, по што и во Ливерпул размислувале за таа опција, пред тој да замине на позајмица во Арсенал минатиот јануари.
„Навистина ми се допаѓа како фудбалер. Лесно е да се каже сега, но беше многу потешко кога почнуваше со Реал Мадрид. Го сакавме во Дортмунд кога беше многу млад и имавме долги преговори со него и со неговиот татко. На крајот, тој се реши за Мадрид. Можете да замислите колку таленти, луди таленти сме виделе во фудбалот. Тогаш Матин имаше 15 години и целиот свет полуде по него. Потоа, работите тргнаа на лошо, но тоа го изгради како фудбалер и како човек. Тој има многу важна улога во силниот Арсенал“, открива Клоп