Top Sport

Клоп признава: Овој Ливерпул уште не „ѕвер“ со менталитетот

Вчера Ливерпул се вратија од негатива за победа против ЛАСК Линц во Лига Европа, четврти пат во последните шест меча, но менаџерот Јирген Клоп признава дека менталитетот на сегашниот состав уште не е на нивото на тој тим кој го освои трофејот од Лигата на шампионите и од Премиерлигата.

Проектот, кој самиот Клоп го нарекува „Ливерпул 2.0“, почна со засилувања во средниот ред ова лето, посебно со пристигнувањето на Доминик Собослаи и Алексис Мекалистер, но Германецот додава дека уште им е потребно време.

„Прерано е да кажеме дека ‘ѕверовите’ по менталитет се вратени. Тогаш го кажав тоа за тој тим, бидејќи ги гледав како ги ‘вртеа’ натпреварите. Сега имаме сменето доста работи и треба да креираме таков менталитет. Сега имаме само расположение, дух на игра и растеме. Да, ова е новиот Ливерпул, 2.0 или како што сакате. Но, ова е само почеток“, вели Клоп.

Scroll to Top