Актуелните шампиони Ливерпул се подготвуваат за последниот меч по групи во Лигата на шампионите против Салцбург како да играат финале, вели менаџерот Јирген Клоп.
Ливерпул се лидери во групата Е со поен пред Наполи и три пред Салцбург, а трите тима имаат шанса за пласман понатаму, но постојат и шанси да бидат елиминирани. Во последното коло, Ливерпул одигра 1:1 со Наполи, а Салцбург на гости го победи Генк со 4:1.
„Минатиот натпревар одигравме реми и секако Наполи беа позадоволни, а Салцбург најзадоволни, бидејќи сега знаат дека мора да не победат. Веднаш знаев дека сега имаме финале и мораме да бидеме подготвени за финале. Како секогаш да мораме да ги правиме работите на тежок начин, така што сме навикнати“, вели Клоп.
На Ливерпул му треба реми против Салцбург или пораз на Наполи од Генк, но Клоп вели дека одат на победа. Ако Наполи го победи Генк, Салцбург мора да го победи Ливерпул со подобар резултат од 4:3 поразот на „Енфилд“ за да ги елиминираат шампионите.
„Салцбург мораат да победат и тоа е единственото јасно пред натпреварот. Тоа поставува и темпо на мечот. Не знам како тие ќе пријдат кон ченот, но сигурно ќе одат на победа. Нема да одиме на поен, бидејќи полесно е да се оди на победа“, додава Клоп.