Јирген Клоп признава дека неговиот сенегалски напаѓач Садио Мане „не бил среќен“ по вербалната расправија меѓу двајцата по ремито 1:1 со Челси во саботата.
Мане беше поставен на клупата за дербито со актуелните шампиони од Премиер лигата, и доби шанса во финишот на мечот, по што се расправаше со германскиот менаџер по крајот на мечот. Клоп инсистира дека не се работело за разочарување што бил на клупата, туку дека проблемите биле во тактиката.
„Врескав на него бидејќи беше на центарот. Но, ниту еден играч не е среќен кога ќе влезе доцна во игра, кога чувствуваш дека веќе имаш 150 минути во нозете. Тој не беше среќен и ми кажа: ’Мо Салах сакаше да дојде на таа позиција’, но Мо имаше 90 минути зад себе. Повеќе имаше смисла Садио да седи поблиску до десното крило. Не е голема работа, можевме да ја решиме во соблекувалната, но сè е во ред“, вели Клоп.