Top Sport

Симеоне: Нашиот дух се обновува

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, по триумфот над Леванте, во 13.коло, истакнал дека неговиот тим константно напредува. Атлетико победи со 5:0, а по два гола постигнаа Кевин Гамеиро и Антоан Гризман.

Тимот на Симеоне и покрај променливата форма од почетокот на сезонатата се уште нема пораз во првенството, што преставува најдобар старт во историјата на клубот.

„Растеме“, рекол Симеоне.

„Во последните три или четири натпревари остваривме напредок, играме со повеќе интензитет, наметнуваме притисок, имаме многу шанси…Напаѓачите играат најдобро што можат, особено Гризман и Гамеиро, но исто така и Кореа добро работи, како и Торес. Тимот е мирен. Нашиот дух се обновува.Не знам зошто но тоа ни дава позитивна енергија и ни помага да напредуваме.“

Атлетико синоќа прекина една непријатна традиција, бидејќи успеа да го победи Левенте во Валенсија по пауза од една деценија. Со триумфот Атлетико го стигна градскиот ривал Реал на третата позиција во Ла Лига, двата тима имаат по 27 бода.

Scroll to Top