Top Sport

Клоп: Сѐ направивме како што треба, но нивниот голман…

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп по нерешениот резултат со Барнли (1:1) рекол дека нема замерка на играта на својот тим.

Бернли попладнево ја прекина неверојатната серија на домашни победи на Ливерпул. „Црвените“ беа во серија од 24 победи, 17 оваа сезона, на „Енфилд“.

„99 отсто од времето правевме се како што треба, не можам да бидам незадоволен, но секако дека никогаш нема да престанам да ги критикувам играчите“, рекол Клоп.

Најзаслужен што Барнли освои бод на „Енфилд“ беше голманот ник Поуп кој бранеше брилијантно.

„На моменти делуваше како да играме против Поуп, а не против Барнли. Навистина беше неверојатен. Направивме се како што треба, но неговите одбрани не спречија да победиме“.

Ливерпул, во наредното коло, на 15 јули ќе гостува кај Арсенал.

Scroll to Top