Ливерпул и Јирген Клоп се подготвуваат за летниот преоден рок. „Црвените“ веќе го договорија младиот крилен напаѓач на Фулам, Жоао Карваљо, а според медиумите блиску до трансфер на „Енфилд“ е и младиот Хрват од Салцбург, Лука Сучиќ.
Најнова информација е дека Јирген Клоп сака да го донесе и италијанскиот репрезентативец од Сасуоло, Доменико Берарди.
За трансферот на Берарди се потребни околу 30.000.000 евра.
За потписот на овој фудбалер се борат уште два италијански и англиски клуба, Арсенал и Лестер, односно Милан и Јувентус.
Берарди е играч на Сасуоло од 2015 година, за очекување е 27-годишникот да го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Сезонава има одиграно 28 натпревари, постигнал 14 голови.