Мохамед Салах ќе биде во тимот на Ливерпул против Лестер, додека Садио Мане добил уште малку одмор од менаџерот Јирген Клоп. Салах и Мане, во неделата во Јуанде, ги предводеа своите репрезентации Египет и Сенегал во финалето на Африканскиот куп. По изведувањето на пенали титулата ја освои Мане со Сенегал.
„Разговарав со него и ми потврди дека е подготвен. Тој е искусен играч, има физикалии како чудовиште. Но сепак ќе видиме. Ќе има еден тренинг, ќе видиме утре како се чувствува“, рекол Клоп за Салах и потврдил дека Мане нема да биде во тимот.
„Тој не е во Ливерпул. Веројатно ќе пристигне во среда во вечерните часови. Ова титула е значајна за него и неговиот народ. Ние го почитуваме тоа. Никогаш не би му се јавиле да се врати, нека ужива во титулата“.
Ливерпул, во четврток од 20.45 часот, ќе гостува во Лестер.