Top Sport

Клоп: Само вака можевме…ВАР е проблем

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, рекол дека неговиот тим од првата до последната минута одиграл на единствениот начин на кој што било можно да се победи Манчестер сити.

Ливерпул на „Енфилд“ победија 3:1 со што ја зголемија предноста на девет бода во однос на „граѓаните“.

„Црвените“ победија со головите на Фабињо, Салах и Мане, додека единствениот гол за Сити го постигна Бернардо Силва.

„Сити беа исклучително добри, моравме да се браниме со сите сили. Го видовте Стерлинг, доколку на секунда в падне концентрацијата веднаш ви прави проблем. Навистина беше тешко да се игра во ваков висок интензитет. Момците цело време го почитуваа договореното. Само на ваков начин можевме да го победиме Сити. Можебе некој друг може да ги победи поинаку, но ние можеме само вака“, рекол Клоп.

Голот на Фабињо е дискутабилен бидејќи претходно Александер-Арнолд играше со рака пред својот гол. Сепак судијата Мајкл Оливер по консултацијата со колегите во ВАР-собата го потврди голот.

„ВАР е проблем. Слушнав што разговараа претходно, мирно чекав. Кога морате да чекате ВАР да ви го потврди голот тоа веќе не е тоа чувство, но сега веќе не е важно. Ќе славам вечерва“, завршил Германецот.

Scroll to Top