Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп и официјално му се извини на преведувачот за посрамотувањето кое го доживе на прес-конференцијата пред мечот со РБ Салцбург во Австрија.
Откако Џордан Хендерсон беше запрашан каков ќе биде приодот на Ливерпул со статус на европски шампиони на мечот, преведувачот реши на германски да објасни дека „ќе одат полека“ во дуелот со Салцубрг и Клоп целосно ги загуби нервите.
„Срање е кога веднаш до преведувачот седи тренер кој зборува германски. Прашањето беше дали титулата од ЛШ од минатата година ни помага бидејќи секогаш сме биле најдобри во вакви ситуации. Тој не зборуваше дека ќе оди лесно во мечот. Го сфаќаме предизвикот. Треба да слушаш малку. Ако, не јас ќе преведувам, не е толку тешко“, изјави луто Клоп.
Jurgen Klopp calls out a German translator for misquoting Jordan Henderson ? pic.twitter.com/4lY4QBcfm2
— ESPN FC (@ESPNFC) December 10, 2019
Но, по 2:0 победата на Ливерпул, тој се извини на преведувачот.
„Би сакал да кажам извини за вчера. Тоа не беше вистински начин да се направи тоа, да критикувам јавно така. Не ми се допаѓаше преводот, но начинот на кој го кажав тоа беше глупав. Морам да бидам подобар и се извинувам“, изјави Клоп на Германски, по што на англиски додаде: „Извинете, бев идиот“.
“Sorry. I was an idiot.” ?
Klopp offers an apology to the German translator. pic.twitter.com/ktAks7HVKD
— ESPN FC (@ESPNFC) December 11, 2019