Top Sport

Гатузо на чело на Наполи: Анчелоти ми е како татко!

Тоа што веќе неколку беше најавувано, конечно се оствари – Џенаро Гатузо е новиот тренер на Наполи, заменувајќи го својот поранешен ментор Карло Анчелоти, и откако го оддржа првиот тренинг со тимот потврдено е дека ќе го води тимот против Парма во сабота.

Ова е прв ангажман на Гатузо откако си замина со взаемен договор од Милан во мај, откако не успеа да стигне до место кое води во Лигата на шампионите за само еден поен.

„Карло Анчелоти ми е како татко. Секогаш беше близок до мене и ме поддржуваше. Тој освои сè, а јас морам многу да напредувам. Првата цел е да почнеме да освојуваме поени и да се доближуваме до местото кое води во Лигата на шампионите. Срамотно е да се види Наполи на ова место на табелата. Јас не се плашам. Знам дека работам со искусни луѓе и сигурен сум дека можеме до посакуваниот резултат. Управата на Наполи има многу големи амбиции, поголеми отколку што се мисли“, вели Гатузо.

Анчелоти повеќе не е тренер на Наполи

Scroll to Top