Top Sport

Клоп: Се смеам на приказната дека Мбапе може да дојде во Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во свој стил ги коментираше гласините дека „црвените“ се во преговори со Килијан Мбапе. Пред неколку дена британското издание „Мирор“ објави информација дека Ливерпул преговара за ангажман на францускиот фудбалер на позајмица за една сезона.

„Гласините за Мбапе во Ливерпул? Се смеам на тоа. Мислам дека тој е навистина добар играч, но финансиските услови воопшто не ни одговараат. Не сакам сега да ја расипам целата приказна, но нема ништо од тоа“, изјави Клоп за „Скај Германија“.

Германскиот стратег потоа се пошегува дека некој во клубот можеби ќе го изненади со таков трансфер.

„Можно е некој друг во клубот да подготвува нешто и да сака да ме изненади, но тоа не се случило во осумте години колку што сум тука“, дополни Клоп.

 

Scroll to Top