Јирген Клоп ги повика навивачите на Ливерпул да останат дома кога неговиот тим ќе ја освои првата лигашка титула по 30 години, велејќи дека сега е потребна таква поддршка од најдобрите навивачи на тимот.
Во Англија потои загриженост дека навивачите на Ливерпул, тим кому му се потребни само уште две победи за да ја запечати круната од Премиер лигата, нема да можат да се возддржат и ќе излезат на улиците пред „Енфилд“ за да прослават. Клоп вели дека не е важно каде ќе се прослави трофејот.
„Во моментов за мене, воопшто не е важно и тоа ќе биде апсолутно посебен ден во мојот живот, без разлика дали ќе биде на празен стадион, само со љубовта на сите луѓе низ светот. Се надевам дека ќе биде на ’Енфилд’, но тоа не е важно. Некои зборуваат дека треба да играме на неутрален терен, но сигурен сум дека и во Ливерпул ќе ја средиме ситуацијата. Ние ги имаме најдобрите навивачи на светот и сега ни се потребни најдобрите навивачи кои седат дома на светот. Чекавме долго за оваа ситуација и уште не е готово. Сакаме да станеме шампиони на фудбалскиот терен и тоа е најважно“, вели Клоп.
Интересно е што Ливерпул може да ја освојат својата прва лигашка титула од 1990 година на теренот на вечните ривали Евертон, „Гудисон парк“.