Top Sport

Реал Мадрид сега се и „кечерски“ шампиони

Најславната „кечерска“ федерација WWE, им додели на Реал Мадрид почесна титула по освојувањето на трите титули во низа од Лигата на шампионите.

Легендата на WWE, Пол „Трипл ејч“ Мајкл Левеск, им честиташе на „Лос бланкос“ преку социјалните мрежи.

„По три титули од Лигата на шампионите во низа, време е Реал Мадрид да слават како WWE шампиони. Хала Мадрид“, напиша 49-годишниот Трипл ејч.

Дани Карвахал и Лукас Васкез, кои се во САД со Реал пред дуелот од Манчестер јунајтед, го примија појасот со логото на Реал, и ги поканија WWE ѕвездите да ги гледаат против англискиот великан во Мајами.

Scroll to Top