Top Sport

Клоп со „ритрн“ до Гвардиола: Сити е најдобриот тим на светот!

Германскиот стратег Јирген Клоп кој утре со својот Ливерпул ќе му гостува на ривалот Манчестер Сити во 21. коло од Премиер лигата со иста мерка му возврати на стратегот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола. Тој рече дека Сити е најдобриот тим на светот.

„Ние се соочуваме со тежок натпревар. Манчестер Сити е многу силен тим, предводен од одличен тренер. Мораме да бидеме храбри и да влеземе во овој меч со желба да победиме. Мислам дека Сити е најдобриот тим во светот“ – рече Јирген Клоп.

Оваа изјава доаѓа како одговор на коментарот на Пеп Гвардиола кој на 31 декември рече дека „Ливерпул го има најдобриот тим во светот и дека евентуален пораз за неговиот тим ќе значи големо оддалечување од одбрана на трофејот“

Ливерпул е актуелен лидер на табелата со 54 бода, додека Манчестер Сити е трет со 47 бодови.

Scroll to Top