Top Sport

Ѓоковиќ со пресврт го реши Фучович и избори четвртфинале во Доха (видео)

Најдобриот тенисер во моментов, Србинот Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Доха откако по голема борба и со пресврт, со 2-1 во сетови го порази Унгарецот Мартин Фучович (4:6, 6:4 и 6:1).

Унгарецот одигра одличен меч, но само до крајот на вториот сет. Во првиот сет кој го доби со 6-4 брејк направи во деветтиот гем и потоа со сигурен сервис си обезбеди значајна предност во мечот.

Фучович беше добар и во вториот сет, но неискуството и лошата проценка го чинеа освојување на сет што му помогна на Ѓоковиќ да израмни на 1-1 во сетови.

Во третиот одлучувачки сет Ѓоковиќ „додаде гас“ и со 6-1 го приведе мечот до крај недавајќи му на противникот никаква шанса за триумф.

Ѓоковиќ во четвртфиналето на турнирот ќе се судри со подобриот од дуелот Рубљев (Русија) – Басилашвили (Грузија) кој е во тек.
https://youtube.com/watch?v=rkIIrifTMaM

Scroll to Top