Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон беше задоволен од 5:2 победата над Рома во првото полуфинале од Лигата на шампионите, но призна дека останал исфрустриран од двата доцни гола кои оставаат надеж на италијанскиот тим во реваншот.
„Чувствувавме дека бевме во целосна контрола на мечот, и практично им подаривме два гола, а тоа не смееш да го правиш во Лигата на шампионите. Но, игравме добро и одиме таму со три гола предност и мораме да останеме позитивни. Знаевме дека нема да биде лесно, а таму ќе биде уште потешко, но верувам дека ќе ја завршиме работата“, изјави Хендерсон за „БТ спорт“.
Со него се согласува и менаџерот Јирген Клоп.
„Перформансите беа совршени во 80 минути. Направивме една грешка во одбраната. Пеналот не беше пенал и сега имаме 5:2. Ќе бевме многу посреќни со 5:0, но и ова е фантастичен резултат. Ќе се обидеме да го повториме тоа и во Рим“, вели Клоп.
Фото: ЕПА
Салах и Ливерпул ја „газеа“, но не ја „убија“ римската „волчица“ (видео)