Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го пофали настапот на неговиот тим против Лидс. „Црвените“ забележаа убедлива победа од 1:6 на „Еланд Роуд“, нивна прва во Премиерлигата во последните пет натпревари.
„Не знам од каде да почнам. Освен поединечни епизоди, одигравме брилијантно. Ја контролиравме топката самоуверено и смирено. Нашиот контранапад беше најдобар во изминатите неколку години. Мојот омилен момент е оној во 92. минута кога четворица наши играчи со топка го нападнаа играчот на Лидс. Фантастично“, изјави воодушевениот Клоп.
„Мислам дека на многу начини ова беше нашиот најдобар натпревар од почетокот на сезоната. Ги испровоциравме грешките на противникот и постигнавме прекрасни голови. Ова не беше натпревар што Лидс требаше да го добие. Дојдовме по победата и точно покажавме што сакаме“, продолжи Германецот.
Со овој триумф се вратија надежите за Ливерпул можеби и за пласман во Лигата на шампионите.
„Одличен натпревар одигра Диого Жота. Драго ми е што сите напаѓачи сега се здрави. Тие постојано се натпреваруваат на тренинзите и тоа ги одржува. Топ 4? Тоа зависи и од резултатите на другите тимови. Брајтон е уште пред нас. Потребни ни се добри резултати и потоа ќе го видиме пласманот на крајот од сезоната“, истакна Клоп.
Ливерпул се наоѓа на осмото место со 47 бода, а четвртопласираниот Њукасл има 56.