Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во суперлативи говорел за својот колега од Тотенхем, Жозе Мурињо, во пресрет на утрешниот дерби во Премиер лигата. Клоп се надева дека Ливерпул ќе успее да извојува победа.
„Жозе Мурињо покажа неверојатни спосбности, импресивно е што успеа да направи од Тотенхем. Одлично играат оваа сезона. Го претвори во машина за добри резултати. Дури и кога не играат на својот максимум победуваат“, рекол Клоп.
Минатата сезона Ливерпул ја освоија титулата, а Тотенхем завршија на шестото место. Разликата на табелата беше 40 поени во корист на „црвените“. По 12 рунди, во новото првенство, двата тима се израмнети на челната позиција.
„Сезонава имамме проблеми со повредите, но не изгубивме многу бодови. Тотенхем игра добро, не сум изненаден од нивниот напредок, од нивниот стил. Не играат повеќе само на контри. Да играа таа немаше да бида во врвот“, заклучил Клоп.
Ливерпул, утре од 21 часот, ќе го пречека Тотенхем.