Top Sport

Клоп удри по тактиката на Конте: Не ми се допаѓа тој тип на фудбал

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не беше импресиониран од тактиката на Антонио Конте и неговите Тотенхем по вчерашните 1:1 на „Енфилд“, резултат кој ги оддалечува „црвените“ од титулата во Премиерлигата, велејќи дека со своите „првокласни“ фудбалери требало да понудат повеќе фудбал.

Тотенхем беше задоволен да остане на својата половина со пет дефанзивци, и тактиката успеа кога Сон Хеунг-Мин го постигна својот 20. гол оваа сезона, пред Ливерпул да израмнат преку Луис Дијаз. До крајот на мечот, Ливерпул не успеаја да дојдат до уште еден гол, и Клоп вели дека Тотенхем требало да понудат многу повеќе.

„Извинете, јас сум погрешен човек за одговори бидејќи не ми се допаѓа тој тип на фудбал. Но, тоа е мој личен проблем. Мислам дека тие се првокласни и дека треба да направат повеќе во еден натпревар. Против Ливерпул тие имаат само 36 отсто од поседот на топката. Но, тоа е мој проблем, не можам против тоа. Првокласни фудбалери кои ги блокираат сите топки. Океј, нека биде така, но јас не можам. Го почитувам тоа што го прават, но тоа не е мојот фудбал“, вели Клоп.

Ливерпул се на првото место на табелата во Премиерлигата поради подобра гол-разлика од Манчестер сити, но „граѓаните“ вечерва можат да побегнат 3 поени со победа над Њукасл.

Scroll to Top