Top Sport

Клоп вели дека не можат да му дадат повеќе на Салах, неговиот агент се изнасмеа

Агентот на Мохамед Салах очигледно не се согласува со тврдењето на Јирген Клоп дека Ливерпул „не можат да направат повеќе“ во понудата за нов договор за египетскиот голгетер.

Шпекулациите околу иднината на миленикот на „Енфилд“ траат подолго време, со вести дека тој сака да стане најплатениот фудбалер во Премиерлигата со „екстремни“ барања од клубот. Неговиот договор трае до летото 2023 година, а Клоп вели дека Египќанецот ќе мора да одлучи дали сака да остане, инсистирајќи дека тие не се брзаат.

„Мо очекува нашиот клуб да биде амбициозен како во претходните години. Секако, не можеме да направиме повеќе од тоа што му е понудено, и мислам дека на крајот тој ќе мора да одлучи. Мислам дека клубот направи тоа што можеше да го направи. Тоа е ситуацијата во моментов, нема потпис, нема одбивање, и мораме да почекаме, нема брзање“, изјави Клоп.

Неговите зборови предизвикаа реакција кај агентот на Салах, Реми Абас Иса, кој на социјалните мрежи само објави емоџи со смеење, посочувајќи дека тоа не е вистина.

Салах има 19 гола во Премиерлигата како најдобар стралец во лигата, и има дополнителни 8 гола во Лигата на шампионите.

Scroll to Top