Top Sport

Повратникот Магнусен најбз на тестирањето, Хамилтон: Ферари ќе победат 1-2!

Камбекот од соништата на Данецот Кевин Магнусен во Ф1 продолжи денеска на патеката Сакир во Бахреин, откако возачот на Хас неочекувано постави најдобро време соборувајќи ги возачите од Ферари од првото место.

Магнусен го замени Русинот Никита Мазепин во американскиот тим вчера, за денеска да го симне Карлос Саинс Јуниор со 0.324 секунди побрзо време од возачот на Ферари во посебниот период од еден час кој му беше дозволен на тимот откако тие стигнаа предоцна во Бахреин поради проблеми со логистиката.

Во првите осум часа тестирање кога сите 10 тима беа на патеката, Саинс постави најдобро време со убедлива предност од 0.4 секунди пред ривалите, и покрај обидот на шампионот Макс Ферстапен на исти меки гуми како возачот на Ферари. Уште еден добар ден за италијанскиот тим само го потврдува општото мислење дека тие имаат најдобар старт на 2022 под новите регулативи.

Истото не може да се каже за Мерцедес, кои изненадија на тестирањето во Бахреин со својот уникатен дизајн на страничните крила, но брзината отсуствуваше – Луис Хамилтон беше 0.609 секунди зад Саинс и дури 0.934 секунди зад Магнусен. Седумкратниот шампион призна дека Ферари се најбрзи.

„Да има утре трка, мислам дека најверојатно Ферари ќе добијат 1-2 победа. Или можеби Ред бул“, изјави Хамилтон.

Саинс не сакаше да навлегува во прогнози откако колегата на Хамилтон, Џорџ Расел изјави дека Ферари се фаворити на 20 март на првата трка од сезоната.

„Тоа е типично од Мерцедес. Само зборувај за другите и потоа на првата трка уништи ја конкуренцијата. Да беше прва година во која се зборува така, можеби ќе поверував, но го прават истото веќе пет-шест години“, вели Саинс.

Scroll to Top