Top Sport

Клоп во остар напад на Лигата на нации

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп уште еднаш ја нападна УЕФА и Лигата на нации, за која верува дека е бесмислено натпреварување бидејќи има премногу фудбал на интернационално ниво.

Мохамед Салах, Виргил ван Дајк, Садио Мане и Наби Кеита му дадоа многу главоболки на Клоп со повредите минатата недела со своите национални тимови, иако само Ван Дајк играше во европската Лига на нации.

„Моите коментари околу Лигата на нации добија многу внимание, и иако секој има сопствено мислење, некои работи стојат – има премногу натпреварувања. Не сакате да го гледате боксерот Ентони Џошуа како е во рингот секоја втора ноќ, тоа не е возможно. Во американскиот фудбал имате летна пауза која е подолга од нашата сезона! Во кошарката има летен одмор. Само во фудбалот сите сакаат да ги гледаат големите натпреварувања во кои испаѓате или одите напред. Идејата е добра, но за друг спорт, а не за фудбалот, бидејќи тука нема место“, вели Клоп.

Scroll to Top