Top Sport

Клоп за Александер-Арнолд: Вистина е дека некогаш не е добар во одбрана

Јирген Клоп признава дека Трент Александер-Арнолд мора да ја подобри својата игра во одбрана, но инсистира дека десниот бек и покрај тоа е „од светска класа“, откако англискиот селектор Герет Саутгејт преферира да игра со Рис Џејмс на неговата позиција.

23-годишниот Александер-Арнолд има пад во формата оваа сезона, со посебни критики за неговата нестабилна игра во одбраната.

„Дали навистина сакате да зборуваме за тоа? Вие сте англиски новинари и не можеме да зборуваме за изборот за Светско првенство пред да почне. Моето искрено мислење ќе се најде на насловните страници. Сакате? Можеби така ќе помогнам на Германија, а не на Англија. Јас го гледам Трет различно, тоа е јасно. Луѓето велат дека тој не е добар одбранбен играч, но тоа не е вистина. Да, не брани секогаш добро, но има 23 години и работиме на тоа. Каков и да ми е тимот во моментов секогаш ќе го изберам Трент, бидејќи е исклучителен фудбалер. Англија има среќа што има добри играчи на таа позиција. Рис Џејмс може да игра со тројца назад, како што игра за Челси. Тоа е одлука на Герет, јас гледам поинаку на ситуацијата. Не значи дека грешам или сум во право“, вели Клоп.

Scroll to Top