Top Sport

Инзаги: Секогаш се чувствувам на работ на отказ

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги не крие дека е под притисок по потпросечниот старт на сезоната со три порази во седум кола во Серија А и пред дербито против Рома на Жозе Мурињо, но тоа не му пречи да има самодоверба дека се можни големи работи со „нераѕурите“ оваа сезона.

„Секогаш се чувствувам на работ на отказ, секој натпревар. Но, морам да правам одлуки секој ден и смирен сум во работата со мојот тим. Ја имам поддршката на клубот, а мојата приказна е јасна – каде и да одам, доаѓаат трофеи, а приходите на клубот се зголемуваат. Тоа се случи во Лацио и се случува во Интер сега. Знаеме дека заостануваме, но работиме напорно и ќе го кажеме нашето на теренот. Сите одиме во вистински правец и знаеме дека мораме да направиме повеќе“, вели Инзаги.

Scroll to Top