Top Sport

Клоп за Јунајтед: Тие не ни помогнаа, зошто ние да им помогнеме?

Јирген Клоп со шега одговори на прашањето како Оле Гунар Солскјер може да ја „сврти“ лошата форма на Манчестер јунајтед, велејќи дека нема потреба да им помогне откако Јунајтед не успеаја да ги совладаат Манчестер сити.

Во средата, Јунајтед загубија 0:2 од Сити во градското дерби, во уште еден лош пораз на Јунајтед. Солскјер имаше фантастичен старт на кариерата како менаџер на Јунајтед со 14 победи во 17 меча, но откако тој беше потврден како постојан менаџер на 28 март, формата тргна надолу – Јунајтед имаат седум порази во последните девет меча.

Клоп, кој имаше слични проблеми кога го презеде Ливерпул во 2015, вели дека нема да дава тајни.

„Тие не ни помогнаа, зошто јас би им помогнал? Тоа беше резултатот кој го очекував. Јунајтед се обидоа, посебно во првото полувреме и немаа среќа, но во 95 минути сега немаат шанса против Сити. Бев целосно смирен кога го гледав мечот. Сега е јасно, имаме поен зад Сити и ако победиме во следните два меча, ќе се одлучува во последното коло“, вели Клоп.

Scroll to Top