Top Sport

Нема шампањско за шампионите во ФА купот поради религиозни причини

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) реши да го исфрли шампањското при прославата на титулата од ФА купот, заменувајќи го со безалкохолен пијалок за да не се навредат фудбалерите кои не смеат да пијат алкохол поради својата религија.

Новото правило ќе дебитира во финалето на ФА купот на 18 мај помеѓу Манчестер сити и Ватфорд, откако ФА објави дека сака да го направи фудбалот инклузивен за сите фудбалери. Покрај тоа, во асоцијацијата велат дека има фактор и тоа што некои фудбалери имаат под 18 години, каде што е границата за пиење алкохол во Британија.

Неколку фудбалери кои ќе играат во финалето се муслимани, како Абдулаје Дукур од Ватфорд и Ријад Марез, Бенжамин Менди и Илкај Гундоган од Сити.

Scroll to Top