Top Sport

Клоп за нервозното интервју по поразот од Сити: Не бев добро расположен (видео)

Јирген Клоп се бранеше за нервозното интервју кое го даде за „Скај спортс“ по 4:0 поразот од Манчестер сити во четвртокот, кога нервозно одговараше на прашањата на новинарот откако му беа поставени прашања за фокусираноста на неговите фудбалери.

„Ова е вторпат да ме прашувате за нашиот однос. Ако сакате да ја водите приказната дека не бевме фокусирани на овој натпревар, тогаш правете го тоа, но јас сум задоволен од моите фудбалери“, изјави луто Клоп по највисокиот пораз за еден актуелен шампион од Премиер лигата.

Во петокот, на прес-конференција, Германецот вели дека разговорот бил пребргу за да тој може да се опушти по крајот на мечот.

„Не бев во добро расположение по мечот. Не бев во добро расположени кога си легнав и кога станав утрото. Но, кога дојдов на тренинг бев во добро расположение. Ако загубиш натпревар, загубиш. Никогаш не е лесно, но ти е потребно време да размислиш. Проблемот со интервјуата по мечот е што имаш само една минута пред да те прашуваат“, вели Клоп.

Scroll to Top