Top Sport

Ласицкене подготвена да се откаже од Русија

Светската шампионка во скок во височина Марија Ласицкене признава дека ја разгледува опцијата да го смени државјанството за да може да настапува на интернационалните натпреварување откако Руската атлетска федерација уште не успеа да ја крене суспензијата.

Ласицкене, која е единствената жена која освоила три светски титули во скок во височина, вели дека не гледа излез од сегашните контроверзи, откако атлетската федерација одби да ја плати казната од 5 милиони долари.

„Сегашната ситуација значи дека морам да ги преземам сите чекори, вклучувајќи и повлекување од националниот тим. Веќе сум уморна од оваа мешаница која трае веќе пет години. Неактивноста на руските спортски власти најмногу боли, бидејќи чистите спортисти не се заштитени“, изјави Ласицкене.

Минатата година, ИААФ престана да дозволува неутрален статус на руските атлетичари поради допинг-скандалот на Данил Лисенко, освојувачот на сребро на СП. Новото водство на Руската атлетска федерација (РУСАФ) ја презеде вината и ги отпушти сите тренери. За да им биде дозволен настап, РУСАФ требаше да плати 5 милиони долари казна и дополнителни трошоци на ИААФ, но федерацијата тврди дека не поседува толкава сума пари.

Scroll to Top