Top Sport

Клоп засрамен од однесувањето на навивачите на Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп сака да престане „традицијата“ за пречекување на гостинскиот тим пред „Енфилд“ откако „идиотите“ го нападнаа автобусот на Манчестер сити пред нивниот дуел од Лигата на шампионите.

Тој признава дека нападот морал да има влијание на играчите на Сити, кои примија три гола во 19 минути во првото полувреме, и додава дека ќе му се извини на менаџерот на ривалите, Пеп Гвардиола пред реваншот во вторник.

„Ќе зборувам со Пеп кога ќе се видиме во вторник. Се чувствувам навистина засрамен.  Не сфаќам зошто наместо да се направи нешто прекрасно и посебно, добиваме вакво нешто. Веќе беше на граница со факлите, кои инаку се нелегални. Да беше до мене, немаше да дозволам да се повтори ваков случај. Што можете со идиоти? Не е смешно, туку е опасно“, вели Клоп.

Германецот смета дека неколку фанови ја расипаа „историската вечер“ за „Црвените“, и признава дека фудбалерите биле во право ако стравувале за својата безбедност.

„Еднаш бев во автобус како менаџер на Борусија Дортмунд кога фрлија со камен кон нас. Не е шега, го чувствуваш стравот. Бевме во Келн и нормално дека бевме лути. Кога дојдовме пред мечот, прво нешто што слушнавме беше дека го смачкаа автобусот. И тоа го убива моментот“, додава Клоп.

Фото: ЕПА

Нова снимка од „нападот“ на Сити: Ливерпул е најпоср.ниот град во Англија

Scroll to Top