Top Sport

Драма во Чемпионшип – Кардиф утнаа два пенали по 90-тата минута (видео)

Кардиф сити утнаа два пенали во судиското продолжение за да загубат со 0:1 од лидерите на англиската втора лига, Чемпионшипот, во драматично финале на мечот.

На преполниот стадион, Рубен Невес постигна фантастичен гол од слободен удар во второто полувреме, по што следуваше драматичниот финиш. Гери Мадин прво од белата точка го погоди голманот Џон Ради, а само моменти подоцна, Џуниор Хојлет ја погоди пречката, дозволувајќи „волците“ да направат предност од девет поени на врвот на лигата и им се потребни само пет поени од последните пет меча за да го запечатат враќањето во Премиер лигата.

Но, тука „акцијата“ не заврши. Тренерскиот тим на Вулверхемптон потоа славеше малку претерано и менаџерот на Кардиф, Нил Ворнок одби да се ракува со Нуњо Еспирито Санто, велејќи дека „не сака да го види“ Португалецот.

Scroll to Top