Top Sport

Клоп: Жалам Конте, Жалам Сари, шампион ќе биде Лацио

Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп смета дека титулата во Серија А оваа сеозна ќе ја освои Лацио. Римскиот тим синоќа славеше над Интер (2.1) и се доближи до лидерот Јувентус на еден бод.

Јувентус се уште е најголемиот фаворит за трофејот во Серија меѓутоа Клоп смета дека „старата дама“ нема да ја одбрани титулата.

„Навивам Лацио да стане шампион. Имаме поранешен фудбалер на Ливерпул тму (Лукас Леива). Чиро Имобиле е играч кого го тренирав во Дортмуд. Жалам Конте, Жалам Сари, мислам дека Лацио ќе приреди изненадување. Тие имаат неверјатна сезона“, рекол Клоп за „Раи Спорт“.

Scroll to Top