Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп признава дека понекогаш изгледа како „асполутен идиот“ со неговото однесување покрај аут линијата, бидејќи едноставно не може да се контролира.
Германскиот тренер е познат по својата енергија и емотиции на теренот, што честопати му создава проблеми кај судиите, но и кај другите тренери со кои честопати имаше интересни „средби“.
„Најочигледната работа е што луѓето постојано гледаат како сум многу возбуден, стегам со забите и покажувам. Не можам да изгледам како статуата на мислителот и знам дека во одредени моменти изгледам како апсолутен идиот. Уште имам најмногу црвени картони и најмногу казни кај тренерите во Бундеслигата. Судиите не можат да се справат со тоа. Првиот црвен картон како тренер го добив кога отидов до помошникот судија и му кажав: ‘Колку погрешни одлуки ви се дозволени? Ако се 15, тогаш имате уште една’. Тој го крена знаменцето и бев пратен на трибините. Но, едноставно не можам да седам“, вели 53-годишниот Клоп.