Најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства, Мирослав Клозе, кој сега работи како помошник на германскиот селектор Јоаким Лев е сигурен дека „маншафт“ ќе се крене по поразот од Мексико со победа над Шведска во сабота, велејќи дека тимот подобро игра кога е под притисок.
Доколку Шведска ја победи Германија, а Мексико е подобар од Јужна Кореја, Германците ќе се пакуваат за дома. Клозе, кој во кариерата постигна 16 голови на Мундијалите, вели дека тоа нема да се случи.
„Играме подобро под притисок. Затоа, многу сум позитивен пред мечот со Шведска. Нема изговори за мечот со Мексико. Тревата била превисока, судијата бил лош, сонцето светело премногу… Секогаш сум гледал напред и сум барал од другите да бидат подобри. Имаме момци кои сега треба да го покажат својот карактер“, вели Клозе.
Фото: ЕПА